Ве известуваме дека на 26.12.2023 година донесен е заклучок за внесување на издавачот Макпетрол АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Макпетрол АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена намера за давање понуда за преземање на друштвото.